Трговскиот дефицит на Македонија во трговијата со странство се намали за 26% во текот на изминатата 2023, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Вредноста на увозот во 2023 година изнесуваше 11,1 милијарда евра, што е намалување за 8,1% во однос на 2022 година. Вредноста на извозот, пак, во 2023 година изнесуваше 8,3 милијарди евра, што е незначителен раст од 0,3% во однос на 2022 година.

Трговскиот дефицит во трговијата со странство минатата година достигна 2,8 милијарди евра, што е намалување за 26% во споредба со дефицитот 3,8 милијарди евра остварен во 2022 година.

Покриеноста на увозот со извозот во 2023 година изнесуваше 74,7%.

Но, намалувањето на трговскиот дефицит во трговијата со странство не е показател ниту на поголемата конкурентност на македонскиот извоз, ниту на супституција на увозот со извоз, туку пред се последица на големото намалување на цените на енергенсите и нафтените деривати на светските берзи, од кои сме целосно зависни. Податоците покажуваат дека за увоз на нафтени деривати и горива лани сме платила 1,5 милијарда евра, што е за 32% или околу 700 милиони евра помалку во споредба со претходната 2022 година.

Фото: Freepik