Вредноста на извозот на 15-те најголеми извозници во Србија од јануари до крајот на септември годинава изнесува 5,4 милијарди евра, а најголеми извозници се три кинески компании – Зиџин Мајнинг од Брестовац, која е сопственик на рудникот во околината на Бор, сопственикот на смедеревската железарница ХБИС групацијата и Зиџин Бор копер, соопшти Министерството за финансии на Србија.
Извозот на Зиџин рударство за девет месеци изнесува 769,5 милиони евра, на Групацијата ХБИС 679,5 милиони евра, додека на Зиџин Бор 676,4 милиони евра.
На четврта позиција е Нафтна индустрија Србија (НИС) со извоз од 484,2 милиони евра, а на петто место е Тигар Тирес од Пирот, чиј извоз изнесува 370,8 милиони евра.
На листата на најголеми извозници се и Хенкел Србија со извоз од 368,9 милиони евра, Леони од Прокупље со 309,1 милиони евра, ЗФ Србија од Панчево со 273,2 милиони евра, Роберт Бош од Белград со извоз од 241,8 милиони евра.
Следат Петрохемија од Панчево со 241,5 милиони евра, Јура од Рача со 233,3 милиони евра, Хемофарм од Вршац со 213,1 милиони евра, Грундфос од Инѓа со 195,7 милиони евра, Филип Морис од Ниш со 175,4 милиони евра од Ваљево и Горен со извоз од 172,7 милиони евра.
Извор: Политика.рс