Светските цени на храната достигнаа историски највисоко ниво во февруари, откако индексот на цените на храната на ФАО скокна за 20,7% во однос на минатата година, се вели во соопштението на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО).
ФАО соопшти дека нејзиниот индекс на цените на храната во февруари изнесувал во просек 140,7 поени, што е за 3,9% повеќе од претходниот месец јануари, а значително зголемување од 20,7% во однос на претходната година.
Агенцијата на ОН соопшти дека зголемувањето на цените е предводено од растителните масла и млечните производи.
Индексот на цените на растителните масла се зголеми за 8,5% во однос на претходниот месец на ново највисоко ниво, главно поттикнат од зголемените квоти за палминото, соја и сончогледовото масло. Украина и Русија сочинуваат околу 80% од светскиот извоз на сончогледово масло.
Индексот на цените на млечните производи во февруари е во просек за 6,4% повисок од претходниот месец.
На месечно ниво, индексот на цените на житариците се зголеми за 3%, додека индексот на цените на месото порасна за 1,1%.
Индексот на цените на шеќерот, пак, забележа пад од 1,9 % во однос на јануари.
„Многу поголем притисок за инфлација на цената на храната доаѓа од надворешното производство на храна, особено од секторите енергија, ѓубрива и добиточна храна. Сите овие фактори имаат тенденција да ги притиснат профитните маржи на производителите на храна, обесхрабрувајќи ги да инвестираат и да го прошират производството”, велат од FAO.