Благодарение на партнерството со групацијата Kingsway во Шангај се отвори луксузен салон за автомобилите произведени од Римац Автомомобили во сопственост на хрватскиот претприемач Мате Римац.
Вчера компанијата за производство на електрични автомобили Римац го објави своето проширување на клучните азиски пазари со проширување на својата меѓународна мрежа во партнерство со Kingsway, компанија специјализирана за дистрибуција на луксузни возила и јахти во Кина.
Во пресрет на првите испораки на електричниот модел C_Two, Rimac Automobili гради глобална мрежа на партнери.
“Ние сме многу среќни да и посакаме добредојде во нашето семејство на групацијата Kingsway, компанија со одлична репутација и пристап до клучните пазари во Хонг Конг, Макао и Кина. Ова е уште еден важен чекор во градењето на глобалната мрежа и брендот на Римац”, изјавуваат од Римац по повод нивото партнерство.
Прототип на моделот C_Two моментално е во завршна фаза на тестирање. Конечниот дизајн и името на автомобилот ќе бидат откриени оваа година, кога тој хиперавтомобил од следната генерација треба да се појави на пазарот, за разлика од првичниот план од пред кризата Ковид-19, кој предвидуваше првите испораки да бидат во 2020 година.
„Римац е иновативна компанија со ненадминливи можности во електрификацијата. Ова е исклучително возбудливо време во автомобилската индустрија, а Римац е на самиот врв во ова поле“, изјави Алберт Вонг, извршен директор на Kingsway групацијата.
Извор: Novac.hr