Цените на нафтата скокнаа за повеќе од 6 долари за барел, достигнувајќи ја највисоката цена за речиси пет месеци откако Израел го нападна Иран, драматично ескалирајќи ги тензиите на Блискиот Исток и зголемувајќи ја загриженост за прекини во испораките на нафта.
Фјучерсите за сурова нафта Брент скокнаа за 6,19 долари, или 8,9%, на 75,55 долари за барел, највисока цена од 27 јануари. Американската сурова нафта од Западен Тексас порасна за 6,22 долари, или 9,1%, на 74,26 долари за барел , највисока цена од 21 јануари.
Ова е нанјголем скок во цената на нафтата од од 2022 година кога Русија ја нападна Украина, предизвикувајќи скок на цените на енергијата.
Израел соопшти дека денеска ги таргетирал иранските нуклеарни постројки, фабриките за балистички ракети и воените командни центри како дел од операцијата за да го спречи Техеран да изгради атомско оружје.
„Клучно прашање е дали иранската одмазда ќе биде ограничена на Израел или раководството ќе се обиде да ја интернационализира цената на вечервашната акција со таргетирање на бази и критична економска инфраструктура низ поширокиот регион“, изјави аналитичарката на RBC Capital, Хелима Крофт.
Неколку трговци со нафта во Сингапур изјавија дека е прерано да се каже дали нападот ќе влијае на испораките на нафта од Блискиот Исток, бидејќи тоа ќе зависи од тоа како Иран ќе возврати и дали САД ќе интервенираат.
Аналитичарот на Barclays, Амарприт Синг, рече дека нападот ги вознемирил пазарите на нафта, иако овие напади досега немале никакво влијание врз фундаменталните пазари на нафта.
„Во најлош случај, конфликтот би можел да се прошири на други клучни производители на нафта и гас во регионот и на превозот“, вели Синг.
Зголемувањето на цената од 10 долари за барел во изминатите три дена сè уште не одразило никаков пад на иранското производство на нафта, а камоли ескалација што би можела да вклучува нарушување на енергетските текови низ Ормутскиот теснец, рече тој.
Околу една петтина од вкупната светска потрошувачка на нафта или околу 18-19 милиони барели дневно нафта, кондензат и гориво поминува низ теснецот.
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, рече дека Израел ќе добие „строга казна“ по нападот во петокот, во кој, според него, загинале неколку воени команданти.
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, во четврток ги нарече нападите на Израел врз Иран „еднострана акција“ и рече дека Вашингтон не е вклучен, а истовремено го повика Техеран да не ги таргетира американските интереси или персонал во регионот.
Аналитичарите очекуваат дека доколку нафтата се најде во вкрстен оган, претседателот Трамп да бара резервни барели на ОПЕК за да се обиде да ги држи цените под контрола и да ги заштити американските потрошувачи од економското влијание на конфликтот на Блискиот Исток.
Извор: Reuters