Замислете фабрика за производство во која целата опрема за производство постојано се менува како одговор на потребите на пазарот. На пример, роботите што ги контролираат уредите би се реконфигурирале врз основа на податоците што доаѓаат од сите точки на синџирот на снабдување, како и сензорите кои ја следат самата фабрика. Резултатот е паметна фабрика која е поагилна и автономна од претходните генерации на автоматизација.

Исто така позната како Индустрија 4.0, паметната фабрика работи на податоци и вештачка интелигенција, но поврзаноста го формира ‘рбетот на работењето. Новата петта генерација на мобилни мрежи (5G) е катализатор за оваа нова индустриска револуција затоа што нуди многу поголема брзина и ширина на опсег од претходните мрежи, како и пократко време потребно за податоците да патуваат помеѓу две точки.

5G ќе работи со и во некои случаи ќе ги замени постојните фиксни, жичани врски, со што производството ќе биде пофлексибилно и подготвено за спроведување на иновации.

Поврзана фабрика

5G би можел да ги замени жичаните Етернет, како и мрежните Wi-Fi и 4G LTE кои поврзуваат уреди во фабриките, но еден снабдувач од 5G започнува со основите: напојување на мобилни уреди и роботите.

Во новата фабрика во Луисвил, Тексас, шведскиот телеком „Ериксон“ инсталирапе 5G инфраструктурна опрема со помош на мрежата во самата фабрика. Ериксон, кој ги снабдува со 5G опрема телекомите во САД, како што се AT&T, Verizon, Sprint и T-Mobile, предвидува 190 милиони претплатници на 5G до крајот на 2020 година и 2,8 милијарди до крајот на 2025 година.

Иако фабриката сè уште е во делумно производство, персоналот користи 5G конекција за да ја зголеми ефикасноста на производството. На пример, работниците ја користат мрежата 5G за да добијат реална поддршка од оддалечени експерти преку споделување видео и забелешки. Мрежата ќе се користи и за раководење на автоматски управувани возила (AGVs) и беспилотни летала iили дронови околу објектот.

„Нашата брза и сигурна 5G поврзаност го овозможува функционирањето на паметната фабрика со агилни операции и флексибилно производство, користејќи индустриски решенија како што се автоматски складишта, автоматско склопување, пакување, ракување со производи и автономни коли“, вели Ерик Симонсон, шеф на „Ериксон САД 5Г паметна фабрика“ .

„Палетата на она што може да се стави во акција за поддршка на бизнисот ќе биде бесконечна со употреба на 5G. Поефикасно производство преку технологија и автоматизација со целосен проток и нула прекинување “.

Паметната фабрика Ericsson USA 5G  е дел од новиот бран на производствени погони, кој има потенцијал да додаде меѓу 1,5 трилиони до 2,2 трилиони долари на глобалната економија годишно до 2023 година, според  Извештај на Институтот за истражување Capgemini објавен минатата година.

Поврзаноста, интелигентната автоматизација и управувањето со податоците и аналитиката базирани на claud се клучните технологии.

Кога станува збор за прифаќањето на паметни фабрики Кина, Германија и Јапонија се лидери, а по нив следат Јужна Кореја, САД и Франција.

Не е јасно колку фабрики во светот се паметни, но во извештајот на Capgemini се проценува дека глобалниот просек изнесува околу 30%.

Покрај производството, од воведувањето на 5G ќе донесе многу големи промени во логистиката и малопродажбата.

Во комбинација со IoT, edge computing и AI, 5G би можел да им овозможи на паметните фабрики да произведуваат прилагодени и кориснички кастомизирани производи брзо и прифатливо, предвидуваат аналитичарите од „Гартнер“, кој минатата година прогнозираа дека приходите од 5G безжична мрежна инфраструктура во светот ќе достигнат 4,2 милијарди американски долари во 2020 година.

Големи подобрувања во логистиката

Логистиката исто така ќе има корист од 5G мрежите. Подобрената дигитализација, покриеност и следењето ќе ја забрзаат дистрибуцијата, според ДХЛ Интернешнл, кој смета  дека 5G ќе ги зголемат апликациите за складирање и раководење преку паметни стакла.  Со поголемиот капацитет на 5G за паметни уреди, IoT локаторите во синџирот на логистика ќе им овозможат на купувачите да ги следат своите производи во реално време, додека мрежите 5G ќе комуницираат со автономни камиони за да можат брзо да реагираат на промените во сообраќајот.

Другите логистички компании имаат уште повеќе футуристички идеи. „Со предноста од 5G и холограмите, потрошувачите ќе можат да користат„ виртуелни соблекувални “за да пробаат и да купат облека како фустан, костум за капење, пар панталони или палто од костум, кои што соврешно ќе им прилегаат, со што финансиските и еколошките трошоци на евентуалните враќања на артиклите низ  синџирот на снабдување ќе бидат елиминирани “, вели Коџи Хома, претседател на„ Yamatp Transport USA, подружница на јапонскиот Yamato Holdings .

5G мрежите веќе се поставуваат низ многу земји низ светот, и покрај пречките и доцнењата предизвикани од пандемијата на Ковид 19 и теориите на заговор дека токму 5G е предизвикувач на корона вирусот. Кина се смета дека е најнапред во процесот на поставување на 5G мрежата и инфраструктура, каде веќе се работи на развивање на 6G мрежа.