Бруто-домашниот производ (БДП) во државава во четвриот квартал лани пораснат за 3,2%, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Во споредба со претходниот трет квартал, БДП бележи раст од 0,8%.
Во четвртиот квартал од 2024 година, најоголем пораст е забележан во Градежништво од 13,2 %, Стручни, научни и технички дејности и Административни и помошни услужни дејности од 10,6 %.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2024 година, номинално пораснала за 6 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 66,1%. Преработувачката индустрија пораснала само 0,2% во четвртиот квартал лани.
Извозот на стоки и услуги од земјава во четвртиот квартал од 2024 година бележи пад од 3,1%, додека увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 2%.
Во текот на изминатата 2024 година, БДП во првиот квартал БДП имаше раст од 1,2%, во вториот квартал 2,3%, а во третиот 3%. Четвртиот квартал од претходната 2023 година БДП имал раст од 3%.
Четвртиот квартал вообичаено е најсилен, односно има најголеем пораст на БДП заради повисоката потрошувачка.