Американскиот претседател Доналд Трамп ги ослободи производителите на автомобили од  царините од 25 % за увоз од Канада и Мексико на еден месец, доколку тие се во согласност со постоечките правила за слободна трговија, објави во средата Белата куќа.

Царините на Трамп се закануваат да донесат огромни проблеми за производителите на автомобили во сите три земји и голем удар за нивните синџири на снабдување, бидејќи тие многу често испраќаат делови преку северноамериканските граници повеќе пати, додека се вградуваат во системите и готови возила.

Трамп е отворен и има слух за други производи кои треба да бидат изземени од царините, кои стапија на сила во вторникот, соопшти Белата куќа.

Овој потег следи по барањето на директорите на Ford Motor, General Motors и Stellantis, рече портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, и ќе се однесува на автомобили увезени преку Договорот САД-Мексико-Канада, или USMCA, трговскиот наследник на Северноамериканскиот договор за слободна трговија од 1994 година.

Групата што ги претставува трите производители на автомобили, Американскиот совет за автомобилска политика, во соопштение му се заблагодарија на претседателот Трамп и изјавија дека компаниите ќе соработуваат со администрацијата за остварување на целите на администрацијата за зголемување на производството на автомобили во САД и зголемување на извозот.
Она што сака да го постигне Трамп е преку високите царини да ги натера производителите, автомобилите кои ги продаваат на американскиот пазар да ги произведат во САД. За да ја постигне таа цел, подготвен е на трговска војна и рушење на договорите за слободна трговија кои САД ги има со Мексико и Канада.

Голем удар ќе имаат и европските производители, најпогоден Volkswagen

Царинското ослободување не се однесува само на производителите на автомобили со седиште во Детроит, туку и на сите автомобили од Канада и Мексико кои се во согласност со трговскиот договор.

Со ова, од ударот на царините ќе се спасат и многу европски автомобилски компании кои имаат фабрики во Мексико или Канада и извезуваат на пазарот на САД.
Групацијата Volkswagen, за која произведува и најголем дел од македонската авто индустрија, е најекспонираниот производител на автомобили на царините за Мексико.
Минатата година, дури 44% од автомобилите на германски Volkswagen продадени во САД се произведени во Мексико. Со години германските производители на автомобили го користат Мексико како производствен центар со ниска цена. Мексико беше „совршена дестинација за производство на автомобили“ благодарение на трговските договори кои земјата ги со САД – како и со Латинска Америка, Европа и Блискиот Исток.
Volkswagen има само една фабрика во САД. Но, во услови кога ги нема повеќе високите маржи во Кина и слаб раст во Европа, на VW му треба американскиот пазар сега повеќе од кога било.

Царините на Трамп може брзо да го намалат производството на автомобили во Северна Америка за една третина

Само неколку дена пред одлуката, S&P Global Mobility ја објави својата проигнозат во која се вели дека приближно една третина од производството на возила во Северна Америка би можело да биде намалено како резултат на царините од 25% на претседателот Доналд Трамп за Мексико и Канада, бидејќи производителите на автомобили се обидуваат да ги намалат зголемените трошоци и купувачите се воздржуваат од купување нови автомобили и камиони. Тоа изгубено производство би било еднакво на приближно 20.000 единици дневно.

S&P Global Mobility објави дека 25 производители на автомобили просечно произведуваат 63.900 лесни патнички возила во Северна Америка дневно. Мнозинството од нив, приближно 65%, се склопуваат во САД, проследено со 27% во Мексико и 8% во Канада.

Засегнатото производство ќе варира во зависност од производителот на автомобили, возилото и локацијата на фабриката. Тоа може да значи дека фабриката е целосно во мирување или дека произведува помалку возила кои се потпираат на делови што ги преминуваат границите повеќе пати во различни форми пред да бидат инсталирани во возилото.