Индустриското производство во март годинава е поголемо за 3% воспоредба со март минатата 2025 година, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

Ова е прв раст на производството во индустријата од почетокот на 2026 година, откако статистиката измери пад од 6,6% во јануари и 4,2% во февруари.

Индустриското производство во преработувачката индустрија бележи раст од 4,3%, додека во секторот „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ има пад од 2,3%. Индустриското производство во секторот „Рударство и вадење камен“ во март 2026 година, во однос на истиот месец лани бележи пад 6,2%.

Повеќето сектори од преработувачката индустрија имаaт поголемо производство во март годинава во споредба со март минатата година

Статистичките податоци покажуваат раст на производството во следниве индустрии:

  • Тутунски производи: 39,4%
  • Производство на компјутерски, електронски и оптички производи: 28%
  • Производство на мебел: 21,6%
  • Производство на текстил: 9,6%
  • Машини и уреди: 8%
  • Производство на пијалоци 6,3%
  • Моторни возила и приколки: 6,1%
  • Производство на храна: 5,8%
  • Фармацевтски производи: 4,1%
  • Производи од гума и пластика: 11,2%
  • Фабрикувани метали: 0,9%
  • Производство на електрична опрема: -0,4%

Пад на производството во мај имало кај:

  • Хемикалии и хемиски производи: -20,96%
  • Производство на облека: -19,3%
  • Производство на метали: -12,9%
  • Производство на кожа и производи од кожа: -8,5%
  • Производство на електрична опрема: -0,4%