Македонската економија забележа реален раст од 4,3% во вториот квартал од 2026 година во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Со тоа економскиот раст забрза во однос на првиот квартал од годинава, кога изнесуваше 3,1%.

Меѓу главните двигатели на растот во второто тримесечје се бруто-инвестициите, кои се зголемени за 16,5%, како и силната активност во градежништвото која бележи раст од 21,9%

Позитивни движења има и во надворешната трговија. Извозот на стоки и услуги пораснал за 10,4%, но истовремено увозот забележал уште повисок раст од 12,5%, поради што нето-извозот има негативен придонес кон растот на БДП.

Финалната потрошувачка во вториот квартал е зголемена за 2,8%, при што потрошувачката на домаќинствата пораснала за 3,3%.

Покрај силната активност во градежништвото, раст од 4,1% е регистриран во преработувачката индустрија, како и во трговијата, транспортот и угостителството. Секторот информации и комуникации бележи раст од 4,3%.

Димитриеска-Кочоска: Најголем економски раст во последните две и пол години

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оцени дека растот од 4,3% е меѓу повисоките стапки што македонската економија ги остварила во изминатите две и пол години.

Ако ја погледнеме целата патека, од 1,6% раст во првиот квартал од 2024 година денес сме на 4,3%. Уште поважно е што во сите десет последователни квартали во овој период економијата бележи позитивен раст“, изјави Димитриеска-Кочоска.

Според министерката, резултатот е особено значаен бидејќи е остварен во услови на умерен раст на европската економија, глобални неизвесности и геополитички ризици.

Таа посочи дека растот на македонската економија во вториот квартал е повисок од стапките што ги наведува за Европската Унија од 1,2% и еврозоната од 1%, како и од растот во Србија од 3,8%, Бугарија од 2,5% и Хрватска од 1,7%.

Димитриеска-Кочоска најави дека економските политики ќе продолжат да бидат насочени кон реализација на капиталните проекти, поддршка на приватниот сектор и инвестициите, подобрување на деловното окружување и одговорно управување со јавните финансии.компаниите, нови инвестиции и посилна и поконкурентна македонска економија.