Европската комисија прогнозира раст од 3,2% на македонската економија годинава. За 2026 година и 2027 година се очекува раст од 3,3%.
Европската комисија предвидува раст на македонската економија од 3,2% во 2025 година. За следните 2026 и 2027 година растот прогнозата е растот 3,2%
Домашната потрошувачка и јавните инвестиции ќе бидат главните двигатели на растот
“Во првата половина од 2025 година, годишниот раст на БДП се зголеми на 3,2% во просек, поттикнат од домашната побарувачка. Се предвидува дека растот ќе продолжи да се забрзува во текот на следниот период, поттикнат од инвестициите и приватната потрошувачка. Економската активност во голема мера беше поттикната од инвестициите и приватната потрошувачка во првата половина од 2025 година, при што јавната потрошувачка остана непроменета по значителното зголемување во 2024 година. Растот на потрошувачката на домаќинствата се забрза од своите слаби перформанси во 2024 година, поддржан од зголемувањето на реалните расположливи приходи поттикнати од силниот раст на пензиите и платите, експанзијата на кредитите на домаќинствата и намалувањето на инфлацијата”, се вели во најновите прогнози на Европската комисија.
Извозот и увозот оствариле подобри резултати во првата половина од 2025 година отколку што Комисијата прогнозирала во пролетните проценки.
Извозот од земјава се планира годинава да расте со стапка од 5,2%, следната 2026 година сепрогнозира раст од 5,4%, додека за 2027 година е проектирано благо забавување и раст од 5%. За увозот, пак, КОмисијата прогнозира раст од 5,4% годинава, и раст од 5,2%, односно 4,8% во 2026 и 2027 година.
“Иако трговските врски на Северна Македонија со САД се ограничени, таа е изложена индиректно преку извозот на автомобилски компоненти во Германија. Сепак, придонесот на нето-извозот кон растот остана негативен“, сметаат од Комисијата.
Иако се предвидува дека растот на извозот ќе забави по силната прва половина, а увозот ќе се зголеми за да се задоволи домашната побарувачка, се очекува негативното влијание на надворешната рамнотежа врз растот да се намали.
Прогнозите на ЕК се приватната потрошувачка да остане силна во текот на следниот прогнозиран хоризонт, при што расположливиот доход постепено ќе се зголемува дополнително, иако со пониски стапки, со оглед на одредено проектирано намалување на растот на платите и пензиите.
Инвестициите со најголем придонес во растот на македонската економија
Според ЕК, бруто-инвестициите ќе бидат главниот придонесувач за растот на македонската економија.
“Јавните работи на патниот коридор 8 и 10d започнаа во 2025 година, а нивниот придонес кон економскиот раст се очекува да достигне врв во 2027 година”, се вели во Извештајот.
Приватните инвестиции имаат корист од подобрување на расположението и субвенционирано финансирање преку заеми од Унгарија и кредитни линии на ЕИБ.
Инфлација водена од домашни фактори
Комсиијата констатира дека инфлацијата првично била водена од зголемувањето на цените на храната, привремено прекинато од контролата на цените на владата на почетокот на 2025 година, која вклучуваше ограничувања на маржите на бруто добивка на основните прехранбени производи и истече во април.
Но, во 2025 година, инфлацијата била главно водена од домашни фактори – зголемување на платите и кредитниот раст – наместо од цените на храната и енергијата.
“Се предвидува дека инфлацијата ќе биде повисока во 2025 година отколку што претходно се очекуваше, но се очекува да се намали до целта на централната банка од 2% до 2027 година, потпомогната од порестриктивна фискална политика”, сметаат од Европската Комисија.
Најголемите ризици од Комисијата ги гледаат во забавување на тековните јавни инфраструктурни работи, со што ивните проектирани позитивни последици врз домашната економија би можеле да бидат компромитирани поради проблеми со имплементацијата. Спротивно на тоа, брзото завршување на структурните реформи, како што е договорено во рамките на Планот за раст на ЕУ, би ги подобрило изгледите за продуктивност и раст.
Колку ќе растат земјите во регионот ?
За соседна Србија, Европската комисија предвидува забавување на растот во 2025 година на 2,2% од растот од 3,9% во 2024 година. За следната 2026 година е проектиран раст од 3,3%, и забрзување на растот на 4,2% во 2027 година.
За Албанија, Комисијата предвидува економски раст од 3,6% во 2025 година и 3,5% во 2026 и 2027 година.
За Босна и Херцеговина е проектиран раст од 1,8% во 2025 година и забрзување на 2,2% и 2,5% во 2026 и 2027 година.
За Црна Гора, Европската комисија проектира раст од 3%, и мало забрзување на 3,1% во 2026 и 2027 година.


























