Во текот на 2025 година, на странските пазари биле извезени 65.623 тони јаболка во вкупна вредност од 21,5 милиони евра. Во споредба со 2024 година, количинскиот извоз е намален за значајни 25,2%, додека вредноста на извозот бележи пад од 10%.

Сепак, македонските јаболка се продавале по повисоки цени. Просечната извозна цена достигнала 0,327 евра за килограм, што е највисоко ниво во последните десет години и за околу 20% повеќе во однос на просечната извозна цена во претходната 2024 година.

Кои се најголеми извозни пазари?

Јаболката од Македонија во 2025 година се пласирале на вкупно 15 странски пазари, претежно во регионот. На седум од нив извозот надминал вредност од 1 милион евра.

Најголем извозен пазар е Србија, каде лани се извезени околу 14 илјади тони јаболка во вредност од 5,7 милиони евра. Втор најзначаен пазар е Грција, со извоз од близу 22 илјади тони и вредност од 4,6 милиони евра. И покрај растот на извозот од околу 80%, цената на овој пазар е најниска – околу 0,2 евра за килограм.
Извозот кон Бугарија, која во 2024 година беше водечки пазар, е значително намален. Во 2025 година таму се извезени 14,5 илјади тони јаболка во вредност од 4,4 милиони евра.

Меѓу останатите пазари се Косово, Црна Гора, Романија, Босна и Херцеговина, Турција, Хрватска и Словачка.

Поврзани написи:

Лошата клима го намалува производството на јаболка во ЕУ

Кои земји најмногу увезуваат јаболка?

(Видеографик) Топ најголеми извозници на јаболка во светот