Според инвестициската банка JP Morgan Chase, нафтата од типот брент следната година би можела да поскапи до 125 долари за барел, а во 2023 година да достигне цена од 150 долари за барел.
Сепак, не сите се толку слободни во проценките на вредноста на овој извор на енергија, па многу аналитичари во своите прогнози за следната година се уште се држат до цени кои се далеку под 100 долари за барел.

Аналитичарите на Morgan Chase тврдат дека членките на ОПЕК имаат нафта, иако помалку од претходно проценето, но таа се наоѓа во земјата. Сепак, додаваат, немаат ниту средства ниту логистика потребна за брзо да го изнесат на пазарот. Затоа, велат аналитичарите, се создава впечаток дека овие земји намерно не сакаат да ги снабдуваат потрошувачите со споменатиот енергенс.

Морган Чејс предупредува дека неколку други надворешни фактори ќе влијаат на вредноста на нафтата во наредниот период, но дека таа би требало значително да се зголеми доколку нов вид на вирусот коронавирус не предизвика економски колапс и доколку се воспостави соработка меѓу производителите на нафта.