Производство на македонската индустрија во септември бележи раст од 2,7% во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Во првите девет месеци, кумулативниот раст на индустриското производство бележи раст од 2,3%.
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, бележи пад од 1,%, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 3,1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има пад од 2,5 %.
Зголемувањето во преработувачката индустрија е предводено од:
- Производство на тутнски производи +184%
- Производство на производи од гума +83%
- Производство на кожа и производи од кожа   +21,3%
 Преработка на дрво и производи од дрво +18,3%
- Производство на прехранбени производи: +8,3 %
- Електрична опрема: +8,2%
- Моторни возила и приколки: +7,7 %
- Мебел: +7,7 %
- Фармацевтски производи: +6,0 %
Неколку индустриски гранки со значително учество во индустриското производство бележат голем пад:
- Производство на метали −20%
- Фабрикувани метални производи −34,3 %
- Облека −9,5 %
- Текстил -9,5%
- Пијалаци: −7,9 %
- Хемикалии и хемиски производи −8,5 %
- Машини и уреди -6,7%
ПОВРЗАНИ НАПИСИ :
Металите, енергијата и текстилот ја влечат македонската индустрија надолу
Извозот на железо и челик од Македонија на најниско ниво во последните седум години
 
            
 
		


