Не само што има проблеми во синџирите на снабдување, туку компанијата Тесла се бори и да го одржи производството во две свои нови гигафабрики – во Тексас (САД) и Германија.

Производителот на електрични автомобили од САД информираше дека продажбата паднала за скоро 18%, на околу 255 илјади возила во вториот квартал во споредба со првите три месеци од 2022.

Производството, пак, бележи пад за 15%, на 259 илјади.

Со други збориви империјата која ја изјгради Елон Маск веќе не е на тронот. Сега лидер во продажбата на електрични автомобили е кинеската BYD, во која свој влог има и американската компанија Berkshire Hathaway на Ворен Бафет.

Кинеската BYD во првите шест месеци од 2022 година продал повеќе електрични автомобили од Tesla и забележала раст на продажбата од 315% во однос на минатата година.

BYD продал 640 илјади возила, додека Tesla за половина година продала 564 илјади возила.

Плановите на кинескиот автопроизводител се во 2022 година да продаде дури 1,5 милиони електрилни автомобили.