Германскиот автомобилски гигант Volkswagen (VW) очекува да произведе околу 43 % повеќе возила во својата главна фабрика во Волфсбург, изјави шефицата на работниот совет Даниела Кавало.

Зголемувањето би било значително подобрување од оваа година, но производството сепак ќе биде под влијание на недостигот на полупроводници.

Оваа година, Volswagen, со чие работење се поврзани многу од производителите на делови во македонската автомобилска индустрија, очекува да произведе околу 400.000 автомобили во својата најголема фабрика во Волфсбург.

Додека ситуацијата се очекува да се подобри во 2022 година, заедно со олеснување на снабдувањето со чипови, влијанието на недостигот сè уште ќе се чувствува, велат од VW.

Програмата за 2022 година сè уште не е фиксирана. Но, во моментов плановите предвидуваат 570.000 произведени возила во Волфсбург.

“Се разбира, има и ризици“, рече Кавало, кој исто така е член на надзорниот одбор на Фолксваген.

Извор: Automotive news Europe