Германскиот автомобилски гигант Volkswagen ја престигна Тесла во продажбата на електрични автомобили.


Во првите седум месеци од годинава Управата за моторен сообраќај евидентирала вкупно 268.926 новорегистрирани автомобили кои се целосно електрични.

Германскиот производител на автомобили Volkswagen ја надмина Tesla и повторно го зазеде првото место по продажба на електрични автомобили во Германија.

Во првите седум месеци од оваа година во Германија се регистрирани 41.475 нови автомобили на Volkswagen, 1.186 повеќе од американскиот конкурент, покажуваат податоците на германската Федерална канцеларија за моторен сообраќај.

На половина година, Тесла беше сè уште во водство, како и во цела 2022 година.

На трето место според продажбата на електрични автомобили се најде Mercedes со 20.613 продадени возила. Следат Audi со 16.786, BMW со 15.987 и Hyundai со 15.411 продадени возила.

Во првите седум месеци од годинава Управата за моторен сообраќај евидентирала вкупно 268.926 новорегистрирани автомобили кои се целосно електрични.
Сепак, ова не е ни приближно до продажбата на модели со мотори со внатрешно согорување, од кои во истиот период се продадени 1,64 милиони.