Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14% во однос на одлуката од 21.09.2022 година.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит, на 86 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/литар, на 84 денари за литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, и ќе чини 91 денар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,623 ден/кг и сега ќе изнесува 49,768 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,158%, кај дизелот зголемување за 0,928%, кај екстра лесното масло зголемување за 0,834% и кај мазутот намалување е за 2,998%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,762%.