Компанијата Макпрогрес, најголемиот македонски извозник од прехранбената индустрија, информира дека Винчини VET академијата за производители на кондиторски и пекарски производи официјално доби национална сертификација.
“Во соработка со „Prime Point Partners”, успешно развиваме материјали за обука и наставен план за сертифицираната програма за производство на кондиторски производи. Оваа прва сертифицирана програма за кондиторски профили во Македонија, им овозможува на учесниците да учат од реномирани инструктори и да се вклучат во практична работа во најсовремениот центар за истражување и развој – Винчини. Овој наш објект располага со модерна опрема за истражување и производство, обезбедувајќи сеопфатно искуство за учење”, велат од компанијата Макпрогрес.
Од Макпрогрес ги покануваат сите заинтересирани компании да им се придружат во усовршувањето и преквалификувањето на своите вработени во производството на кондиторски, пекарски и слаткарски производи со цел да го зголемат квалитетот на своите произзводи и да ги надградат вештините на вработените.
Оваа иницијатива има за цел да помогне во недостигот на стручни вештини во источна Македонија, особено во индустријата за производство на храна и е поддржана од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).