Фото: TANJUG/SAVA RADOVANOVIC/ bs

Претставници на компанијата Стелантис (Срелантис) и Владата на Србија денеска потпишаа договор за финансирање на производството на електрични автомобили во фабриката за автомобили Фиат-Крајслер во Крагуевац.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по потпишувањето на договорот изјави дека овој ден е многу важен за Србија со што започнува сосема нова ера на инвестиции во земјата.
“Денеска потпишавме договор за финансирање на електричен автомобил што ќе се произведува во Крагуевац“, рече Вучиќ, потенцирајќи дека Србија сега ќе биде целосно во чекор со најразвиениот свет и ќе има производител на електрични автомобили.

Станува збор за производство на електрична верзија на автомобилот Фиат Панда.
Новата инвестиција во фабриката за автомобили во Крагуевац ќе биде вредна 190 милиони евра, од кои 48 милиони евра ќе бидат издвоени од државниот буџет.

„Ова е нова инвестиција од 190 милиони евра, Србија ќе даде 48 милиони евра. За нас е важно поради Крагуевац, Шумадија, но и цела Србија. Веќе не е прашање само колку луѓе ќе вработиме, но и каква вредност ќе се произведе и како тоа ќе влијае на нашиот БДП. Стелантис до 2030 година ќе има од 80 до 100 нови модели, целосно ви е јасно каква револуција се подготвува на автомобилскиот пазар“, рече претседателот.

Тој нагласи дека во Србија се произведуваат делови за многу автомобилски компании, но особено е важно кога го имате финалниот производ.