Германската индустрија очекува штрајкот на машиновозачите да предизвика големи проблеми за компаниите, вклучувајќи го и товарниот сообраќај.
Шестдневниот прекин на работата се заканува со сериозни ограничувања, дури и со прекин на производството во одредени сектори, изјави за ДПА Тања Генер (Гонер), генерален директор на Сојузната асоцијација на германската индустрија (БДИ).
„Не е нереално да се очекуваат загуби до една милијарда евра“, додаде таа.
Покрај оперативните и економските, големи се штети и на имиџот на железницата како вид на транспорт, рече Генерова.
„Сомнежите за доверливоста на железничката инфраструктура продолжуваат да растат“, дури и во логистичкиот сектор.
Синдикатот на германските машиновозачи (GDL) повика на штрајк до понеделник поради спорот со германските железници Дојче Бан..
Железничкиот товарен транспорт е „рбетот“, рече Генерова, на голем број клучни индустрии како што се хемиската, челичната, автомобилската, индустријата за хартија и дрвната индустрија.
Според неа, штрајкот значително ќе влијае на поврзувањето и снабдувањето на производствените капацитети, како и на логистиката што се потпира на железницата, на пример транспортот на опасни материи.
Спорот меѓу синдикатот и Германските железници мора брзо да се реши, рече таа.