Германската компанија Fischer Automotive Systems (Фишер Аутомотив Системс) денеска ја отвори фабриката вредна 40 милиони евра во Јагодина, Србија, во која ќе произведува авто делови и додатоци за автомобили од висока класа.
Фабриката, во која се инвестирани 40 милиони евра, се простира на површина од 8.000 метри квадратни, а во неа ќе се вработат околу 350 лица. Производниот процес е целосно автоматизиран, а производството ќе биде 100% за извоз.

Компанијата има и фабрики во Германија, САД, Кина и Чешка, каде вработува околу 5.200 работници.
Фишер извезува во 120 земји, а неговата палета на производи е наменета за производителите на автомобили Mercedes, BMW и групацијата Volkswagen

Минатата година групацијата Fischer остварила промет од 872 милиони евра.

“Лично, јас сум задоволен што одлуката падна на вашата земја. Србија и нуди на нашата компанија најдобри услови. Инвестициската клима е многу конкурентна, нема јазични бариери, нивото на специјално знаење во автомобилската индустрија е одлично, Интернет и мобилен телефонијата е солидна. Познавам некои земји од ЕУ кои не ги решија толку добро овие прашања, вклучувајќи ја и мојата земја Германија “, изјави сопственикот на компанијата Клаус Фишер на свеченото отворање на фабриката.

Тој потенцираше дека претседателот Александар Вучиќ и Владата на Србија и ги обезбедија на неговата компанија сите оптимални услови за деловно работење.

„Господине претседател, вие се грижите за иднината на вашата земја исто како што се грижиме за иднината на нашата компанија“, потенцира Фишер.

Тој најави дека бројот на вработени во фабриката Јагодина треба да достигне 450 до крајот на годината, кога ќе пристигнат сите машини.

„Таму ќе се произведуваат вентилациони млазници за Мерцедес, БМВ и Фолксваген, и ние размислуваме нашиот најголем производствен сектор, типлување, да го засноваме во Јагодина или на друго место во Србија“, објави Фишер.

“Му реков на Фишер дека ќе дадеме секогаш десетпати подобра понуда од сите останати земји во регионот. Се надевам дека ќе привлечеме уште некои странски инвеститори, очекуваме стапка на економски раст од 6%, а можеби и 7%”, потенцираше претседателот Вучиќ.

„Во моментов, 70.000 луѓе работат во германски фабрики во Србија и се надевам дека ќе има уште повеќе наскоро. Колку повеќе германски инвеститори, толку е поголем успехот за Србија, затоа што извозот и вработеноста растат“, изјави Вучиќ.