Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РСМ најави дека околу 12.000 хектари државно земјоделско земјиште наскоро ќе биде објавено на јавен оглас.
Земјоделците ќе може да аплицираат со назнака дека земјиштето треба да е наменето за производство на пченица и јачмен, односно за поледелски култури. До министерството за финансии е доставен план што е тоа што треба да се направи на среден и на долг рок. Со планот се предвидени мерки кои ќе придонесат за зголемени приноси од 30.000 тони пченица на среден рок и државата да не е повеќе увозно зависна од пченица.
Уште едне проблем за земјоделците е и набавката на вештачко ѓубриво, до кое се потешко доаѓаат, особено откако Русија го сопре извозот. Со разгорувањето на руско – украинската криза извозот на жито и вештачко ѓубриво значително опадна. Со цел да се заштити домашнит пазар, државата донесе мерки со кои го запре пласманот на масло и жито до средината на идниот месец. А за комплетно да се задоволат потребите од жито, следната недела се очекува Србија да ги испорача договорените количини на пченка и пченица.
Согласно статистиката, државата последниве години континуирано бележи пад во производство на житни култури. Некогаш Пелагонија покриваше 60 проценти од потребите на жито, денеска овој процент е преполовен.
Извор:Стопанска комора на Македонија