Со посебен свечен настан денеска во компанијата “Алкалоид” официјално беше отворен почесниот конзулат на Кралството Норвешка во С.Македонија. За поченесн конзул на Кралството Норвешка во земјава е назначен Живко Мукаетов, првиот човек на најсупешната македонска компанија “Алкалоид”.

На официјално отворање на конзулатот во присуство на висока делегација од Норвешка, министри во Владата, претставници на бизнис заедницата, на дипломатскиот кор, пријатели и деловни соработници, се обрати државниот секретар во норвешкото МНР, Ајвинд Вад Петерсон кој го потенцира одбележувањето годинава на 30 години од воспоставувањето на билатералните односи меѓу двете земји. На свеченоста присуствуваа и амбасадорот на Норвешка во Белград, Јорн Еуген Ѓелштад, државниот секретар при Министерството за надворешни работи на Норвешка, Еивин Вад Петерсон, советникот во Кабинетот на министерот за надворешни работи на Норвешка, Гро Дахле, заменик директорот во секторот за ЈИЕ при МНР на Норвешка, Јохан Лоов, како и првиот секретар на Амбасадата на Норвешка во Белград, Стефан Алмехаген Сандстад. 

Можам да кажам многу примери, кои веќе покажуваат дека Норвешка и Северна Македонија имаат долга историја на соработка темелена на заемно почитување и на споделени вредности. Преку дијалог и разбирање ќе продолжиме да ги негуваме односите на доверба. Норвешка е силен сојузник и партнер на Северна Македонија поддржувајќи го вашиот пат, патот на вашата нација кон евроинтеграциите и ќе продолжи да негува одржлив развој во различни области. Заедно се бориме за мир, стабилност и просперитет, не само на блиските граници туку и глобално. Силата лежи во единството, а прогресот се постигнува преку заеднички напори. Денеска и Вам Ви оддаваме почит, г. Живко Мукаетов, наш почитуван почесен конзул. Ви благодариме за Вашата поддршка за одржувањето на овој настан и се радуваме на нашата натамошна соработка. Почесниот конзулат на Норвешка во Скопје нека биде основа за нашето пријателство да продолжи да се развива и нашето партнерство да го издржи тестот на времето. Задоволство ми е да го прогласам Конзулатот за отворен“, порача Петерсон.

Генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, во својство на почесен конзул на Норвешка, се заблагодари на Кралството Норвешка за честа да ја извршува оваа почитувана функција и за можноста да ја унапредува соработката меѓу двете земји.

Имајќи предвид дека јас и мојот тим 16 години го водиме овдешниот Генерален конзулат на Кралството Данска, ќе се стремиме да го дадеме најдоброто за промовирање на Норвешка, да работиме и да ги промовираме интересите меѓу двете земји. Знаејќи дека двете земји се дел од НАТО, сигурен сум дека не само во овој, туку и во други сегменти, ќе можеме да ја прошириме соработката и дека ќе направиме се што можеме за да бидеме промотори на Кралството Норвешка“, изјави Мукаетов.

Мукаетов, веќе 16 години успешно ја извршува и функцијата Генерален конзул на Кралството Данска во Македонија.