Кинескиот извоз и увоз се очекува да засилат во текот на следните месеци како резултат на силното закрепнување на домашната и глобалната економија, прогнозира британскиот истражувачки центар Oxford Economics.

„Очекуваме моментот на извозот да остане силен во текот на следните месеци“, се вели во извештајот, додавајќи дека силното глобално економско закрепнување ќе го поддржи извозот на Кина во текот на 2021 година, и покрај веројатното повлекување на побарувачката поврзана со пандемијата подоцна оваа година.

Покрај извозот, британскиот тинк-тенк исто така прогнозира дека моментумот на увоз во Кина треба да се забрза во наредните месеци поради тековното закрепнување на домашното ниво“.

„Очекуваме да продолжи силниот последователен економски раст по привремената слабост во првиот квартал и ние сме оптимисти во врска со извозот и инвестициите во производството“, се вели во Извештајот, истакнувајќи дека потрошувачката треба „повторно да се забрза, бидејќи потрошувачите ќе станат порелаксирани“.

Официјалните податоци на Кина покажауваат дека вкупниот увоз и извоз на стоки на земјата се зголеми за 28,5% на годишно ниво, на 1,8 трилиони американски долари во првите четири месеци од 2021 година.

Тоа значи зголемување од 21,8% од нивото на пред-епидемијата во 2019 година, соопшти Кинеската генерална царинска управа (ГАЦ).

Извозот скокна за 33,8% во однос на претходната година, додека увозот порасна за 22,7%, откриваат официјалните податоци.