Во рамки на „Проектот за поддршка на регионалната интеграција на приватниот сектор“ (ПСРИСА) што се спроведува во партнерство со Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Полската амбасада во Скопје, Полската агенција за инвестиции и трговија (ПАИХ), Агенцијата за странски инвестиции и Долношлеската стопанската комора, организира конференција „Водење бизнис со ЕУ – како да се постигне поинтензивна трговска соработка меѓу Северна Македонија и Полска“.

Целта на коференцијата е да се претстават можностите за интензивирање на трговската соработка меѓу двете земји и да се охрабри соработката во насока на интернационализација на пазарите на патот кон ЕУ. 

Покрај претставниците на бизнис заедниците од двете земји, присуството на настанот го потврдија и претседателите на Долношлеската стопанска комора, како и членовите на дипломатскиот кор и високи владини функционери.

Конференцијатa “Водење бизнис со ЕУ – како да се постигне поинтензивна трговска соработка меѓу Северна Македонија и Полска“ ќе се одржи на 25 септември 2023 г. (понеделник) во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија во Скопје со почеток од 11 ч.

По официјалниот дел на конференцијата, ќе се одржат и поединечни деловни средби според претходно утврден распоред. Работните јазици на конференцијата се македонски и полски. 

Сите компании кои се заинтересирани да учествуваат на Конференцијата треба да го потрврдат присуството најдоцна до 19.9.2023 г. (вторник) кај лицето за контакт при Стопанската комора: м-р Ивана Анчев, проектен администратор, тел.: 02/3244 051, е-пошта: ivana@mchamber.mk.