На 25ти март во организација на Макпрогрес и Фондацијата Прогресив Академија во просториите на Винчини развоен центар се одржа интерактивна дебата на која беа истакнати предизвиците за квалификувана работна сила со кои се соочува прехранбениот сектор. Пред присутните, компании, средните технички училишта и други релевантни организации, генералниот директор на Макпроргрес Глигор Цветанов ја промовираше Винчини Академијата, првата сертифицирана програма за кондитор, слаткар и пекар во Македонија.
“Винчини Академијата ја креиравме со цел да ги подготвиме идните генерации на кондитори, да ги обучиме со најнови техники и вештини во секторот и да го поддржиме нивниот кариерен напредок. Оваа иницијатива е инвестиција во младите луѓе, во иднината на прехранбениот сектор и во општеството како целост. Ние целиме да создадеме пат за подобро општество, каде квалификуваната работна сила е достапна и каде компаниите во прехранбениот сектор можат да го најдат неопходниот талент за своите потреби.“ – истакна г-дин Цветанов.
„Програмата во времетраење од 3 месеци, на која ќе предаваат врвни инстуктори од прехранбената индустрија, ќе се оддржува во просториите на Винчини развоен центар. Едукативниот центар е опремен со најнова технологија и нуди уникатни услови за преквалификација и доквалификација на вработени и невработени“ – заклучи Александра Кирилова, Директор на Прогресив Академија.
Програмата за развој на технични вештини и обуки за менаџмент се реализира во партнерство со Макпрогрес и ЕБРД, а имплементарот на програмата е консултантската компанија од Скопје PrimePoint.