Од 12 до 15 септември 2024 година најголемата македонска прехранбена компанија Витаминка беше домаќин на четиридневен тим билдинг на островот Брач, Хрватска, кој ги обедини менаџерскиот и извозен тим на компанијата со врвните купувачи од Балканскиот регион.
Од Витаминка велат дека овој, шести по ред годишен настан е ретка можност за зајакнување на партнерствата, вклучување во продуктивни дебати и негување поблиски односи со клиентите.
“Во сржта на настанот имаше неколку стратешки состаноци и отворени дискусии со нашите најзначајни купувачи. Темите се движеа од пазарните трендови, иновациите на производите и идните стратегии за соработка до решавање на клучните предизвици во кондиторската индустрија. Преку искрени разговори и заеднички дискусии, ги зајакнавме нашите партнерства со клучните купувачи. Идентификувавме заеднички цели и истраживме нови можности за проширување на пазарите. Надвор од состаноците, организиравме различни активности за градење на тимот, вклучувајќи неформални собири, социјални активности и културни тури”, информираат од Витаминка, потенцирајќи дека овој пристап ги зајакнува професионалните односи и чувството на заедница и меѓусебно почитување.
За Витаминка, настанот за team building во Брач е голем успех, кој ја постигнува целта за спојување на бизнисот и задоволството со цел создавање на подобра средина за соработка и партнерство.
“Овој настан го потврди статусот на Витаминка како лидер во воспоставувањето на значајни односи со клучните купувачи и ја покажа нашата посветеност на создавањето заеднички раст и успех”, велат од компанијата.