Според Меѓународната организација за вино (Organization for Wine -OIV),
Светската трговија со вино, мерена преку вкупниот извоз, пораснала во вредност од 16% во 2021 година на 34,3 милијарди евра и за 4% во обем на 111,6 милиони хектолитри, покажуваат податоците на Меѓународната организација за вино (Organization for Wine -OIV). И двата показатели се на највисоко ниво во историјата.
(Еден хектолитар е еквивалентен на 133 стандардни шишиња од 0,75 литри).
Минатогодишниот раст на трговијата со вино бил поттикнат од 3-те најголеми светски извозници на вино, Шпанија, Италија и Франција, кои заедно сочинуваат нешто повеќе од половина од вкупниот извоз во 2021 година.
Меѓу увозниците на вино се САД најважна дестинација според вредноста на увозот. САД минатата година увезле вино во вредност од 6,2 милијарди евра, што претставува зголемување од 21% на годишно ниво. Обемот на увоз на вино во САД се зголемил за 13% на 13,9 милиони хектолитри.
Најголем увозник на вино во 2021 година според обемот на вино останува Германија, која лани увезла 14,5 милиони хектолитри вино.
Вкупната глобална потрошувачка на вино се зголеми за 1% минатата година, што го спречи падот на потрошувачката, тренд кој трае од 2018 година и е поврзан со наглото намалување на побарувачката за вино во Кина.
Глобалното производство на вино во 2021 година беше проценето на 260 милиони хектолитри, што е за 1% помалку од претходната година. Приносите на грозје во Западна Европа беа помали поради неповолните временски услови, додека рекордно производство е забележано на јужната хемисфера.
Војната во Украина и карантините во Кина негативно влијаат врз винскиот сектор
Војната во Украина предизвика серија нови тесни грла во синџирот на снабдување. Зголемениот број на заразени со Ковид во Кина доведе до привремени на затворања во некои делови во Кина.
Дополнително, војната врши притисок врз глобалниот енергетски пазар, кој бележи пораст на цените на енергенсите.
Негативно влијаат и санкциите што ЕУ ги воведе кон Русија. Западните санкции против Москва би можеле да влијаат на трговијата со Русија, која минатата година увезла вино во вредност од 949 милиони евра, главно од Италија, Франција и Шпанија.
Во 2021 година, Русија била 10-ти најголем увозник на вино во светот и учествувала со околу 2% од светскиот увоз. Во исто време, Русија е 8-ми по големина пазар на вино во однос на продажната вредност.
Руската инвазија на Украина може дополнително да ја поттикне инфлацијата и на тој начин да ја намали побарувачката на потрошувачите.
Извор: Izvozno okno