Најголеми извозници на стоки и услуги во светот (1960-2024)

Од почетокот на 60-те години па се до 2012 година САД го имаат лидерството како најголем извозник на стоки и услуги во светот. Во 60те години САД имале 19 пати поголем извоз од оној на Кина. До 1995 година Кина воопшто ја нема меѓу десетте најголеми светски извозници. Во 70-те, 80-те и 90-те години од минатиот век има забрзан развој и извозен раст на Кина, но и на другите азиски економии како Јапонија,

Пет децении подоцна, Кина успева да ги стигне САД и веќе во 2012 година да ги надмине и да стане најголем извозник на стоки у услуги во светот.
Од 2019 година па наваму Кина почнува забрзано да го зголемува извозот, како на стоки, така и на услуги.

Во последните неколку децении Кина успеа да стане најголемата фабрика во светот, каде многу големи корпорациски компании од САД, Европа и од целиот свет, отворија свои фабрики за производство заради пониските трошоци за производство и големиот пазар.

Но, во последната деценија Кина станува несопирлива во освојување на странските пазари со поевтини производи. За да го заштитат домашното производство многу земји, првенствено САД и Европската Унија, пристапија кон воведување на различни протекционистички мерки и високи заштитни царини за многу производи кои се увезуваат од Кина.

Останува да се види дали ротекционистичките мерки и увозните царини ќе можат да ја сопрат Кина да го освои светот.