Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој презеде дополнителна моќ оваа недела со воведувањето на вонредна состојба, изјави дека големите компании, почнувајќи од енергетиката до авиокомпаниите, ќе мора да го префрлат својот „екстра профит“ за да го зајакнат државниот буџет.

Банкарството, осигурувањето, енергетиката, трговските синџири, телекомуникациите и авиокомпаниите, се секторите во кои доминираат мултинационални фирми, а кои ќе добијат наредба да го префрлат „главниот дел од нивниот дополнителен профит“ на два фонда оваа година и следната, за финансирање субвенции за високите енергетски цени и трошоците за модернизација на вооружените сили, рече Орбан во видео пораката во средата.

Новото финансирање ќе помогне да се консолидира унгарскиот буџет, бидејќи Европската унија наметнува ефективно замрзнување на финансирањето против владата на Орбан.

Бараме и очекуваме оние кои направија дополнителен профит во ова време на војна да им помогнат на луѓето и да придонесат во буџетот за националната одбрана“, рече Орбан.

Потегот за финансирање беше првата одлука на Орбан откако ја воведе вонредната состојба, која стапи на сила во вчера, само два дена откако премиерот положи заклетва на петтиот мандат на функцијата.

Деталите за новото оданочувања на екстра профитот се очекувани да бидат објавени денеска.

Буџетот на Унгарија е доведен до работ поради рекордните предизборни трошоци претходно оваа година, пред победата на изборите на 3 април, кои на Орбан му дадоа две третини контрола врз унгарскиот парламент.

Неколку дена по убедливата победа на Орбан, Европската комисија активираше свежо воведен механизам кој ѝ овозможува да го намали финансирањето за членките каде што постои загриженост за корупција и проблеми со владеењето на правото.

По објавата на Орбан, форинтата падна за 3,1%, на близу рекордно ниско ниво од 394,83 за евро.
Акциите на унгарската рафинерија MOL паднаа за речиси 15%, акциите на најголемата унгарска банка OTP Bank изгубија повеќе од 13%.

Извор: Bloomberg