Кондиторската компанија “Европа” објави дека во периодот од јануари до септември 2024 година работела со поголеми продажби и намалена профитабилност.

Извештајот објавен на Македонската берза покажува дека Европа првите девет месеци годинава ги завршила со приходи од продажба од 11,3 милиони евра, кои се за 10% поголеми од истиот период лани.
Половина од приходите од продажба Европа во првите три квартали годинава или 53% ги остварила на странските пазари. Тие бележат раст од 9%, достигнувајќи 6 милиони евра. Приходите од продажба на домашниот пазар, пак, се зголемени за 10% и изнесувале 5,3 милиони евра.

Оперативните расходи во периодот 01.01-30.09.2024 година се зголемени за 15,7%. Финансиските расходи се намалени  за 42,9% во однос на минатата  година.

Нето добивката на компанијата Европа во првиот квартал е помала за дури 29,4% во споредба со истиот период лани, достигнувајќи 375 илјада евра.

Растот на инфлацијата, наметна потреба од зголемување платите за вработените, што ги зголеми тропоците за вработените за 13%.  Трошоците за суровини и материјали на Европа биле поголеми за 17% во споредба со истиот период.