Дали знаевте дека Полска е една од петте најголеми извозници на бела техника и електронски уреди кон Македонија?!
Трговската размена со Полска од година во година сѐ повеќе се зголемува, а од Kuehne+Nagel ги следат побарувањата на пазарот, барањата на клиентите и бизнис заедницата…
Постојаните промени и побарувања на пазарот бараат соодветно прилагодување на логистичките услуги и затоа Kuehne+Nagel инвестираше во нова, директна линија за збирен камионски транспорт од Полска кон Македонија, со која нуди брзи доверлив транспорт, а доставите на пратките драстично се забрзуваат.
Покрај тоа, со дополнителните придобивки како секојдневното преземање од сите делови на Полска, фиксните поаѓања кон Скопје, како и максимална флексибилност кон барањата на клиентите, ги зацрстува сите дадени ветувања.
Секако, сето ова надополнето со комплетна транспарентност на пратките, кои ќе може да се следат на дигитална платформа myKN!
Kuehne+Nagel им стои на располагање на клиентите за сите логистички потреби.
Kuehne+Nagel е партнер на бизнисот веќе 25 години!