По неодамнешната објава дека 200 години стариот бренд за виски Johnnie Walker на пролет во 2021 година ќе излезе со хартиена амбалажа, и светски познатата индустрија за безалкохолни пијалоци најави дека следната година ќе воведе хартена амбалажа.
Сопственикот на брендот Johnnie Walker, компанијата Diageo , информираше дека основа посебна компанија за производство на хартиена амбалажа Pulpex, која ќе произведува амбалажа за бредовите на Unilever и Pepsi Co.
Хартиени шишиња со виски ќе бидат направени од дрвена пулпа и ќе бидат целосно рециклирачки, велат од компанијата. Внатрешноста на шишето ќе биде заштитена со тенок филм од смола, кој е целосно разградлив, додека капачето ќе биде изработено од алуминиум.
„Со овие предизвици што ги имаме во пакувањето и пластиката, ниту една компанија не може сама да ги реши овие работи. Разгледавме многу партнерства за да се здружиме како индустрија за решавање на некои од овие проблеми“, вели Рон Хан, потпретседател на Pepsi, според кој компанијата ома за цел до 2025 година да ја намали употребата на пластика во пакувањата за 35 %.
Pepsi очекува пилотските брендирани хартиени шишиња со технологија на Pulpex да се појават во 2021 година.
Правењето стаклени шишиња троши повеќе енергија и испушта јаглерод диоксид, па многу пијалоци развиваат хартиена амбалажа за да се обидат да го намалат загадувањето. Честопати тоа е долг процес, затоа што новото пакување не смее да го менува вкусот на пијалокот. Исто така, компаниите се надеваат на економски придобивки, бидејќи полесната амбалажа треба да го олесни транспортот низ целиот ланец на снабдување.
Љубителите на виски и Pepsi нема да бидат единствените кои ќе треба да се навикнат на хартиени шишиња. Имено, индустријата за пијалоци во последните години е под силни критики и притисок од потрошувачите и јавноста заради загадувањето на животната средина со пластични шишиња.
Заради тоа, индустријата се фокусираше кон изнаоѓање на иновативни форми на мабалажи кои ќе бидат разградливи и рециклирачки, но кои ќе го задржат квалитетот и вкусот на пијалоците.
Покрај овие два бренда, и други компании од индустријата за пијалоци најавија дека работат на поеколошки алтернативи за пакувања.
Carlsberg на крајот на минатата година најави револуционерно хартиено шише за пиво, британската компанија Frugalpac направи хартиено шише за вино, а Абсолут Водка исто така работи на еколошка алтернатива.