Администрацијата на Доналд Трамп предложи воведување на 100% царина на увозни француски производи до вредност од 2,4 милијарди долари, откако заклучи дека данокот на дигитални услуги кој Франција неодамна го воведе е неправедно искриминирачки кон американските технолошки компании.
Францускиот министер за финансии, Бруно Ле Маир, ја нарече последната закана на администрацијата Трамп „неприфатлива“ и рече дека ЕУ ќе возврати со „силен одговор“.
Предлозите на САД, рече тој, не се во интерес на никој, не е во интерес на растот, ниту на политичка стабилност.
Новите тарифи за француските производи следуваат по неколкумесечни поплаки од Вашингтон за данокот на дигитални услуги што го воведе владата на претседателот Емануел Макрон, кој ги погодува компаниите како Google, Apple, Amazon и Facebook.
Францускиот данок беше воведен поради загриженоста дека американските технолошки групации неправедно избегнуваат даноци на многу дигитални трансакции, и беше воведен како преодна мерка се додека не се одобрат новите правила на мултилатерална основа преку ОЕЦД.
Воведувањето на овој данок предизвика големи тензии на релации Макрон-Трамп.
На листата на производи кои ќе бидат погодени со новите даноци од САД се наоѓа и француските шампањ вина, чанти, порцелан, сирења, јогурт и други француски производи.