Извозна Академија (Export Academy by Matrona Consulting) организира и ве поканува да земете учество на ексклузивниот бизнис настан: КАКО ДО ПОГОЛЕМ ИЗВОЗ “Трендови за подигање на извозната подготвеност на извозно ориентирани претпријатија во преработувачката индустрија” кој ќе се одржува на 29.11.2023 (среда) од 09:00 до 16:00 h, во Хотел Аполонија, Гевгелија.
Настанот е поддржан од Министерството за Економија и учеството е бесплатно!
Обуката е дизајнирана за претпријатија од преработувачката индустрија кои сакаат да започнат со извоз или кои веќе извезуваат и сакаат да го зголемат извозот.
Експерти во областа на меѓународната трговија ќе дадат свои анализи, мислења, и решенија за предизвиците со кои се соочуваат македонските компании од преработувачката индустрија во нивните интернационални активности во актуелниот миг. Ќе слушнете за новите трендови, на кои ризици и опасности се изложени компаниите, како да се адаптираат и каде да ја бараат својата шанса во овие предизвикувачки времиња. Обуката е насочена кон обезбедување на учесниците со соодветни знаења, умешности и информации за успешно учество во глобалниот извозен пазар во контекстот на преработувачката индустрија.
Предавачи на обуката/работилницата се:
- Д-р Љупчо Велески, директор на Сектор Извоз – Витаминка
- М-р Михајло Евросимовски, експерт за ISO стандарди и основач на ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг и Business Excellence Solutions
- Проф. Д-р Владимир Петковски, Економски Институт – УКИМ Скопје
- Сашо Ристески, извршен секретар на Македонска асоцијација на преработувачи (МАП)
- М-р Тања Евросимовска, основачка на Export Academy и МАТРОНА Консалтинг
- M-р Марта Наумовска Грнарова, извршна директорка на Завар Компани и Завар Дизајн, претседателка на Асоцијацијата на метална и електро индустрија МАМЕИ
Панел дискусија со успешни извозници
- Обуката ќе содржи панел дискусии и “success story telling” во која ќе се вклучат успешни извозници кои ќе ги пренесат своите стратегии за пристап кон странски пазари. Помеѓу компаниите влучени во панелот на успешни призакни ќе бидат компанијата Завар, Тиквеш, Витаминка и многу други.
На обуката ќе бидат споделени практични и едукативни информации за:
- Како до успешна извозна приказна?
- Кои се најдобри практики за логистика и дистрибуција во преработувачката индустрија?
- Зошто е важна Е-трговијата и кои се најчесто употребуваните стратегии за извоз?
- Зошто стандардите преставуваат неопходна алатка за подобрување на извозот?
- Како да ја одредите цената на својот производ во странство?
- Кои се најбитни фактори за успех на меѓународните пазари?
- Како успешно да се подготвите за меѓународни саеми?
За учесниците на настанот ќе биде обезбедено:
- Мал изложбен простор за промоција на своите производи;
- Можности за вмрежување;
- Едукативни материјали;
- Работни материјали во електронска верзија;
- Сертификат за учество на обуката;
- Ручек и кафе паузи
Бројот на учесници е ограничен, побрзајте и пријавете го вашето учество!
За да се регистрирате за обуката, Ве молиме кликнете на линкот: https://forms.gle/HdTL1gRbhonutngy7 или испратете е-маил на info@matronacons.com
Export Academy by Matrona Consulting е професионална и научна организација во Северна Македонија која се занимава со извоз и интернационализација на македонските компании, користејќи ги во пракса потврдените професионални искуства на врвни експерти, научни истражувања, вмрежувања и соработка со авторитетни индустрии од странство.