Tурските јаболка го освојуваат индискиот пазар. Како што завршува сезоната на јаболка, количините на јаболката со повисок квалитет се намалуваат, заради што нивните цени на индискиот пазар растат.

Алпер Керим, сопственик на турскиот извозник на јаболка, Демир Фреш Фрутс, вели дека побарувачката за турски јаболка во Индија секоја година се зголемува за 20%. „Нашата сезона на јаболка сè уште е во полн ек и беше многу успешна досега.  Побарувачката за турски јаболка во Индија се зголемува постојано и ако ги погледнеме изминатите пет години, побарувачката се зголемува за 20% секоја година. Очекуваме турските јаболка да достигнат 40% удел на индискиот пазар за јаболка во следните години.

Турција е меѓу најголемите извозници на јаболка во светот, чиј извоз беше погоден од војната во Украина.

Годишниот увоз на јаболка во Индија изнесува 240 милиони долари, а 82% од јаболката на индискиот пазар се увезуваат од Чиле, Нов Зеланд, Турција, Италија, Бразил и САД.