Македонските извозни компании во ноември минатата година на странските пазари продале производи вредни 578 милиони евра, што е 2,3% повеќе во споредба со истиот месец лани.
Увозот, пак, во ноември изнесувал 694 милиони евра и бил помал за 5,8%.
Во споредба, пак, со претходниот месец октомври, извозот бележи пад од 3,1%, додека, пак, увозот е помал за 9,2%.
Но, заради големите падови на извозот на почетокот на пандемијата, извозот во првите единаесет месеци се уште е помал за изнесува 5,1 милијарди евра и се уште е помал за 684 милиони евра или 11,3% во споредба со истиот период од претходната година.
Увозот, пак, во текот на периодот од јануари до ноември годинава изнесувал 6,8 милијарда евра и е помал за 853 милиони евра во споредба со истиот период лани, што е пад од 10,9%.
Најмал пад има кај извозот на храна и метали
Анализирано по сектори, податоците покажуваат дека извозот во периодот од јануари до ноември 2020 година во сите сектори е помал во споредба со истиот период лани. Најмал пад има кај извозот на метали (-2%), извозот на храна (-2,4%) и тутун и пијалоци од (-11,4%).
Најголем пад од дури 39,4% има кај извозот на нафтени деривати, кое се должи на намалената потрошувачка за време на карантиите, но и на намалената цена на нафтата на светските берзи.
Извозот на компаниите од автомобилската индустрија иако почнува да заздравува, се уште во првите единаесет месеци е помал во споредба со истиот период лани. Така извозот на хемиски производи, каде влегува пред се извозот на катализаторите на Џонсон Мети е помал за 13% во споредба со единаесет месеци од 2019 година.
Извозот на машини и транспортни уреди во првите единаесет месеци од 2020 година, каде исто така доминира производството на автомобилски делови, е помал за 12,2% во споредба со истиот период од 2019 година.
Годинава на европските пазари за 614 милиони евра помал извоз
Ако се анализира по региони, најголем дел од извозот во првите единаесет месеци или 77,6% од вкупниот извоз бил насочен кон земјите од ЕУ, каде се продадени производи вредни 4 милијарди евра. Извозот во ЕУ во првите единаесет месеци од 2020 година бележи пад од 11,6 % или на европските пазари годинава извезени се 594 милиони евра помалку производи.
Увозот од ЕУ во истиот период е намален за 853 милиони евра или за 11,2%.
Во земјите од Западен Балакн во првите единаесет месеци годинава биле извезени производи во вредност од 574 милиони евра. Тоа е за 99 милиони евра помалку или пад од 14,8% во споредба со истиот период лани.
Поголем извоз за 2% или за 2,6 милиони евра во првите 11 месеци од 2020 година има во Азискиот регион, главно во Кина, каде во овој период биле извезени производи во вредност од 136 милиони евра.