Џонсон Мети, глобалниот лидер за производство на катализатори и одржливи технологии вчера го одбележа почетокот на изградбата на фабриката во Полска во која ќе бидат инвестирани 50 милиони евра.

Фабриката која ќе биде лоцирана во полскиот град Гливице ќе отвори 50 нови работни места, а со неа компанијата ќе обезбеди капацитет на своите клиенти да им понуди мали серии и резервни делови од својата палета на важни производи за катализатори кои и помагаат на автомобилската индустрија да ги намали штетните емисии од сите видови возила.

„Нашата визија во Џонсон Мети е за свет кој е почист и поздрав; денес и за идните генерации. Револуционерниот чекор во нашата фабрика е значајна пресвртница во нашата оперативна стратегија за зголемување на ефикасноста и оптимизирање на нашиот оперативен отпечаток. За прв пат ја отворивме нашата Clean Air фабрика во Гливице во 2020 година и оваа понатамошна инвестиција ја покажува нашата посветеност во долгорочната иднина на фабриката во Гливице”, изјави Милиса Фланаган, главен оперативен директор во Clean Air одделот на Џонсон Мети.

Џонсон Мети е најголема компанија и најголем извозник од Македонија на катализатори кои се произведуваат во двете фабрики на компанијата во зоната Бунарџик.

Со децениско искуство во развој на технологија за контрола на емисиите на штетни гасови, Џонсон Мети останува лидер во индустријата со производство на приближно една третина од катализаторите во целиот.