Акционерите на “Алкалоид” ќе добијат 16,67% поголема нето дивиденда или 567 денари по акција

225

Фармацевтската компанија Алкалоид објави како ќе ја распредели ланската добивка во износ од 27,7 милиони евра. Според предлогот доставен за усвојување на Собранието на акционери, кое ќе се одржи на 1 април 2025 година, ќе бидат издвоени над 900 милиони денари за исплата на дивиденда и персонален данок на личен доход и над 800 милиони денари за инвестиции.
Управниот одбор предлага дивиденда за 2024 година од 630 денари бруто (567 денари нето) по акција, што е зголемување од 16,67% во однос на претходната година.

Исплатата на дивидендата ќе започне на 14.05.2025 година и ќе биде извршена на трансакциските сметки на акционерите.

Алкалоид вчера соопшти дека ја заврши 2024 година со консолидирани продажби од 309 милиони евра, раст од 15%, а извозот достигнал рекордни 210 милиони евра.