Фармацевтската компанија “Алкалоид” се претстави со сопствен штанд на саемот Expopharm, кој се одржа од 27 до 30 септември во Дизелдорф, Германија.
Expopharm е еден од водечките европски фармацевтски саеми, чија цел е да го обликува фармацевтскиот пазар преку нудење увид во важни наоди и иновации.
“Како глобално ориентирана компанија учествуваме на овој значаен настан, оваа година со сопствен штанд. Бевме среќни за можноста да се запознаеме со нашите партнери, да размениме идеи со колегите и да ја прошириме нашата мрежа со вредни нови контакти“, велат од “Алкалоид”.
Годинава Expopharm го посетија над 29 илјади посетители кои имаа можност да откријат производи, услуги и решенија од повеќе од 500 излагачи на површина од 33.000 метри квадратни.