Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар.

Согласно оваа одлука цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,895 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 5.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,863 ден/кг.

“Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 2,145% или за 8,350 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 5,395% или за 17,400 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 5,664 % или за 18,100 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 6,216% или за
околу 16,650 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 52,4369 ден/$ и е за околу 0,616% понизок од курсот на доларот (52,7620 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка”, велат од Регулаторната комисија.