Бразил и Кина објавија дека постигнале договор за да го отфрлат американскиот долар во корист на нивните сопствени валути во трговските трансакции.

Договорот, објавен во средата, ќе им овозможи на Кина и Бразил директно да вршат трговски и финансиски трансакции, разменувајќи јуани за реали – или обратно – наместо прво да ги конвертираат своите валути во американски долари.
Бразилската агенција за промоција и трговија и инвестиции (ApexBrasil) изјави дека новиот аранжман се очекува да ги „намали трошоците“ и „да промовира уште поголема билатерална трговија и да ги олесни инвестициите“.

Кина е најголемиот трговски партнер на Бразил, со повеќе од една петтина од вкупниот увоз, по што следат САД. Кина е исто така најголемиот извозен пазар на Бразил, со повеќе од една третина од вкупниот извоз.
Кина ги престигна САД како главен трговски партнер на Бразил во 2009 година. Денес, Бразил е најголемиот примател на кинески инвестиции во Латинска Америка, поттикнати од инвестиции во енергетски мрежи и екстракција на нафта.

Официјални лица од двете земји постигнале прелиминарен договор за укинување на американскиот долар во јануар, а договорот беше објавен по бизнис формата на високо ниво Кина-Бразил во Пекинг.

Бразилскиот претседател Луис да Силва, кој положи заклетва во јануари, се залага да ги зајакне врските со Пекинг по периодот на влошени односи под неговиот претходник Болсонаро.