Под слоганот „МИСИЈА (НЕ)ВОЗМОЖНА 2025: Што носи иднината за земјоделско-прехранбената индустрија, производите за широка потрошувачка, дистрибуцијата и малопродажбата во развојна Европа?“, во Тиват се одржува дводневниот Самит за правила на потрошувачите, на кој ќе учествуваат претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, и потпретседателот на Комората, Глигор Цветанов.

Самитот, организиран од Европската банка за обнова и развој, има за цел да обедини компании од прехранбениот сектор и агробизнисот од Централна и Југоисточна Европа. По Белград (2019) и Загреб (2023), Самитот за правила на потрошувачите се враќа во 2025 година со смел фокус на најновите глобални трендови и идните можности за агробизнисот, FMCG секторот, малопродажбата на храна и дистрибутивната индустрија.

Ова е третото издание на Самитот, кој претставува единствена платформа за интелектуално лидерство меѓу бизнисите. Тој промовира размена на идеи од реалниот свет и успешни приказни меѓу врвни бизнис лидери, инвеститори, регулатори и иноватори, со цел поттикнување значајна соработка и иновации.
CRS 2025 ќе собере повеќе од 30 говорници и над 150 учесници, меѓу кои и C-ниво менаџери од водечки компании од Централна и Југоисточна Европа, како и од ЕУ, Турција, Блискиот Исток и Африка.

Самитот во Тиват ќе се фокусира на иднината на бизнисот во регионот, обидувајќи се да даде одговори на клучни прашања, меѓу кои:

Како бизнисите можат да се снајдат во услови на тековни макроекономски трендови, геополитички тензии и инфлаторни притисоци?

Kои се најатрактивните деловни можности во Централна и Југоисточна Европа? Дали е време бизнисите и инвеститорите да погледнат надвор од традиционалните пазари?

Во ера дефинирана од климатски нарушувања и растечка еколошка и социјална свест, кои се смелите нови трендови?

Како моќта на вештачката интелигенција и другите нови технологии може да поттикне иновации, да ја зголеми регионалната конкурентност и да им овозможи на компаниите да откријат нови можности за раст?