Изминатата 2021 година била успешна за најголемата македонска прехранбена компанија, Витаминка од Прилеп, со раст на продажбите дома и во странство, со нови инвестиции и поголема профитабилност во работењето,

Објавените финансиски извештаи на компанијата објавени на Македонската берза покажуваат дека Витаминка изминатата 2021 година година остварила приходи од продажба од 48,5 милиони евра, што е раст од 20% во споредба со претходната 2020 година.

Околу две третини од приходите од продажба или 64% се остварени од продажби на домашниот пазар, кои лани бележат раст од 20% и изнесувале 31 милиони евра.

Извозот, односно продажбите во странство учествуваат со 36% во вкупните продажби и лани се зголемени за 19%, достигнувајќи 17,5 милиони евра.

Оперативни расходи на Витаминка во првите шест месеци годинава се зголемени за 22% и изнесувале 49,6 милиони евра, што пред се се должи на континиуираниот раст на цените на суровините и репроматеријалите на светско ниво.

Витаминка изминатата половина годинава ја завршила со оперативна добивка од околу 1,2 милиони евра, која е за 52% поголема во споредба со истиот период минатата година.

Од Витаминка информираат дека во првата половина годинава инвестирале околу 3,6 милиони евра во опрема, недвижен имот, градежно адаптирање и вложувања во хартии од вредност, не реализирале дополнителни нови вработувања, а долгорочната задолженост на компанијата била зголемена за 13% во споредба со 2020 година.

Вкупната добивка, пак, вклучувајќи ги дополнителните финансиски приходи на компанијата за лани, изнесувала околу 1,7 милиони евра и е повеќекратно поголема од 2020 година кога изнесувала 398 милиони евра.