Витаминка започнува со имплементација на ESG.
Прехранбената индустрија Витаминка АД Прилеп објавува дека официјално го започна процесот на воведување на ESG (Environmental, Social, Governance) преку VSME рамката на репортирање, која ги обединува нашите заложби за одржлив раст, општествена одговорност и транспарентно корпоративно управување.
Од Витаминка објаснуваат дека до крајот на април 2026 година ќе биде подготвен првиот ESG извештај на Витаминка, со кој ќе се прикажат сите активности и цели за одржливо работење во сите сегменти – од производство и иновации, до логистика, човечки ресурси и комерција.
“ESG не е само стандард, туку начин на размислување и делување што ја движи компанијата напред – кон европски и светски вредности на одговорен и одржлив бизнис. “Витаминка – традиција со вкус на иднината”, велат од Витаминка.