Германија подготвува план како да ја врати економијата во нормала

Иако коронавирус продолжува да се шири низ целиот свет, европските влади почнуваат да размислуваат за тоа како повторно да ги отворат фабриките, канцелариите и училиштата, а истовремено да ги минимизираат шансите за понатамошни избувнувања на бројот на заразени.

Австрија во понеделникот соопшти дека ќе започне со отворање на продавниците по Велигден, односно после 14 април. Данска најави отварање на училиштата и градинките од 15 април, а Норвешка објави дека планира нивно отварање на 27 април.

Секој ден растат и притисоците врз владите да ги објаснат нивните планови заради се поголемите трошоци за економските мерките дизајнирани за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Тие се засилени и од стравувањата дека снабдувањето со храна и здравствените системи можат да бидат поткопани доколку ограничувањата птраат премногу долго.

Додека ограничувањата веројатно ќе останат со недели, а во некои земји и со месеци, деталното планирање направено сега може да ги заштити ранливите луѓе и да им помогне на економиите да се вратат во нормала полесно кога ќе се олеснат ограничувањата. Ако враќањето во нормала се направи погрешно, тоа може да доведе до појава на повеќе заразувања и повторни ограничувања во работата и јавниот живот, како и многу повеќе економска штета.

Во Германија, група економисти, правници и медицински експерти препорачуваат постепено заживување на најголемата економија во Европа што ќе овозможи специфичните индустрии и работниците да ги продолжат своите активности додека се преземаат чекорите да се спречи повторна појава на коронавирус.

Групата на експерти во посебниот извештај, кој беше објавен минатата недела од Институтот за економски истражувања Ифо, објавуваат дека не очекуваат вакцината или ефикасен третман на коронавирусот да бидат достапен пред 2021 година.
Како резултат на тоа, Германија треба да пристапи кон борбата против болеста „повеќе како кон маратон отколку спринт“.

“Идните мерки мора да бидат дизајнирани и подготвени на таков начин што, од една страна, да обезбедат добра здравствена заштита и, од друга страна, да можат одржливи во потребниот период “, пишуваат експертите. „Планирањето за оваа транзиција мора да започне веднаш во политиката, администрацијата, компаниите и другите организации“.

Германија ги затвори училиштата, рестораните, игралиштата, спортските објекти и повеќето продавници, барем до 20 април, туркајќи ја на тој начин економијата, која веќе беше на работ на рецесија, во уште подлабок пад.
Ифо предвидуваше 20% пад на БДП на Германија годинава, ако рестриктивните мерки траат три месеци.

Како да се рестартира економијата?

Германската влада веќе го реализира пакетот економски мерки за поддршка на економијата вреден 750 милијарди евра кој вклучува мерки за поттикнување на заеми за бизнисите, преземање удели во компаниите и поддршка на работниците. Пакетот е меѓу најголемите лансирани во светот.

Извештајот сугерира дека земјата сега треба да создаде национална работна група на експерти и јавни претставници кои ќе даваат препораки за тоа како да се олеснуваат ограничувањата за работење и јавниот живот, и кога индустриите би требало да го започнат производството. Враќањето на работа би било доброволно за вработените.

Индустриите како што се телекомуникациите и автомобилското производството кои додаваат најголема вредност на економијата треба да имаат приоритет, се вели во извештајот, додека работата што може лесно да се изврши од дома треба да продолжи да се одвива од далечина.
Градинките и училиштата ќе се отворат релативно брзо, бидејќи младите луѓе ретко имаат сериозни симптоми, а родителите не можат да работат ако установите за згрижување на деца и училиштата останат затворени.

Без забави големи настани

Компаниите што произведуваат производи за здравствена заштита или компоненти, исто така, треба да се отворат брзо, додека на хотелите и рестораните ќе им биде дозволено да го сторат тоа на „многу внимателен и контролиран“ начин, затоа што е тешко за луѓето да ја одржат својата оддалеченост во такви објекти.
Дискотеките и клубовите треба да останат затворени засега, се вели во Извештајот, кој порачува дека не треба да се одржуваат настани со голем број посетители.

Експертите велат дека е можно да се постават различни стандарди во различни региони. Ограничувањата може да бидат олеснети првин на места со ниски стапки на инфекција или намален ризик од пренесување, како што се руралните заедници.
Како што одминува времето, регионите во кои населението има изградено одреден степен на имунитет може да им биде дозволено да работат со помалку ограничувања.

Тоа, се разбира, бара координирано и големо тестирање за коронавирус.
Исто така, ќе биде неопходно сеопфатна обука за соодветна хигиена и нови правила со кои се одобрува употреба на опрема за лична заштита.

Експертите исто така препорачуваат Германија да организира „масовно“ зголемување на производството на заштитна облека и маски, да го зајакне својот капацитет за производство на лекови и вакцини и да воспостави платформа за информатичка технологија што ќе овозможи стратешко планирање.

И додека работната експертска група ќе дава препораки, политичарите и бизнис лидерите ќе го дадат последниот повик кога да се укинат ограничувањата.
„Обидот за централно да се контролира продолжувањето на производството не функционира во пракса. Оваа продолжување мора да биде контролирано пред се од самите институции и компании“, се наведува во Извештајот.