Германската економија би можела да се врати на нивото пред кризата на почетокот на 2022 година

Германскиот министер за финансии Олаф Шолц изјави дека германската економија би можела да се врати на нивото од пред кризата предизвикана од корона вирусот на почетокот на 2022 година или евентуално малку порано, објавува Ројтерс.

Шолц се надева дека обемните мерки на владата за поддршка на погодената економија нема да траат толку долго колку што некои луѓе стравуваат.
„Ако работите одат добро, може да имаме ситуација на почетокот на 2022 година или малку порано, во која економијата го достигнува нивото на коешто се наоѓаше пред кризата. Тоа би било прилично брзо“, вели Шолц.

Германија се соочи со досега невиден пад на производството, извозот и целата економија како последица на кризата која ја предизвика пандемијата.

И покрај големиот пакет за поттикнување на потрошувачката, очигледно заздравувањето на најголемата европска економија ќе биде бавно.