Германските компании значително ги намалија инвестициските планови како што се продлабочуваат економската проблеми.
Многу енергетски интензивни индустрии размислуваат за преместување на операциите во странство

Германските компании ги намалија своите инвестициски планови за оваа и следната година, под притисок на предизвиците што ја мачат најголемата европска економија.

Истражување на германскиот институт Ifo направено на 5.000 германски бизниси покажува дека тие „значително ги намалиле своите инвестициски планови“.

Индексот на нето инвестициските планови на институтот падна од 14,7 во март, кога го спроведе своето последно истражување, на 2,2 во анкетата спроведена во првите три недели од ноември. За следната година индексот, кој ја мери разликата меѓу процентот на компании кои планираат да ги зголемат инвестициите и оние кои планираат да ги намалат, падна уште пониско на 1,2.

Инвестициската клима значително се влоши“, рече Лара Заргес во Ifo. „Ова е резултат на зголемените финансиски трошоци, слабата побарувачка и неизвесноста на економската политика“.

Најголемо намалување на инвестициските планови е забележано во преработувачкиот сектор, каде што индексот на инвестиции се намали од 21,4 во март на 6,8 во најновата студија.

Во овој сектор, забележани се уште поголеми падови кај енергетски интензивните индустриски групи, како што се производителите на хемикалии, што сугерира дека тие нагло ќе ги намалат капиталните расходи оваа година.

Цените на германската индустриска енергија се двојно повисоки од оние во САД и Кина, според една неодамнешна студија на истражувачката група Прогнос за баварското здружение на работодавачи VBW.

Трговците на мало, исто така, сигнализираа големи намалувања на нивните инвестициски планови, кои станаа негативни за оваа и следната година, рече Ифо.
Сепак, производителите на автомобили рекоа дека имаат за цел да ја одржат својата инвестиција на високо ниво.

Германија е меѓу најголемите инвеститори во македонската економија

Германија е еден од најважните трговски партнери и меѓу најголемите инвеститори во Македонија.  Во земјава работат над 200 германски компании кои вработуваат повеќе од 20.000 луѓе во земјата. Според информациите на Делегацијата на германското стопанство во С.Македонија во изминатите две години германските компании значајно ги имаат зголемено своите инвестиции во земјата. Поголемиот дел од зголемените инвестиции во овој период се префрлање на производните капацитети од Украина, како последица на војната во Украина, но и на енергетска криза која ја погоди Европа. Најголемиот дел од германските инвестиции во земјава се од автомобилската индустрија, за која најновото истражување на Ifo покажува дека ќе го задржи високото ниво на инвестициите и следната година.

Сепак македонската економија веќе го чувствува забавувањето и рецесијата на германската економија преку пад на извозот во вториот квартал годинава од 1,2%, по растот од 7,1% во првиот квартал.
Германија е најголем извозен пазар за македонската економија каде се пласира речиси половина од македонската економија.