Македонската градежна фирма Гранит заедно со компанијата Еуро Асфалт од Сараево е дел од конзорциумот кој ќе го гради новиот автопат во БиХ, дел од Коридорот 5Ц. Вредноста на проектото ќе чини 77,9 милиони евра, а парите се обезбедени преку Европската инвестициона банка (ЕИБ) и неповратен грант од 11 милиони од страна на европскиот WBIF (Western Balkan Investment Fund).
Босанските медиуми пишуваат дека денеска во Мостар ќе биде потпишан договорот за изградба на делницата Тарчин – влез во тунел Иван,од страна на JP Autoceste BiH, директорот на Еуроасфалт, како претставник на конзорциумот на фирми и министерот за транспорт и комуникации на БиХ.
Рокот на изградбата на автопатот е 20 месеци.